29 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона бара начини како да купува играчи!

Барселона бара начини како да купува играчи!

baromelu enirke

Во очекување претседателот на ФИФА Сеп Блатер да ја намали казната на Барселона, раководството и правниците на каталонскиот клуб бараат алтернативи за справување со ситуацијата во која се наоѓаат.

Казната од страна на ФИФА и забранува на Барселона да регистрира фудбалери до јануари 2016-та година. Сепак клубот многу внимателно разгледува две можности кои му дозволуваат да потпишува прелиминарни договори со играчи, кои сепак нема да бидат регистрирани до крајот на оваа година.

На Барселона и е забрането да регистрира нови фудбалери, но не и да купува.

Поради оваа причина новите играчи немаат право да се појават на теренот во составот на шпанскиот гигант до 1-ви јануари 2016-та година, но можат да бидат позајмени на други тимови или да добиваат плати и да тренираат со соодветните формации во клубот.

Другата опција е Барселона да потпише прелиминарни договори со играчи кои ќе стапат во сила од 1-ви јануари 2016-та година. Овие фудбалери ќе се приклучат на тимот по отворањето на следниот зимски трансфер прозорец.

ФИФА во април минатата година пресуди дека Барселона нема право да регистрира нови засилувања во рок од два трансфер периоди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП