5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед му нуди нов договор на Де Геа!

Јунајтед му нуди нов договор на Де Геа!

milioni de gea

Манчестер Јунајтед не само што нема намера да го продаде Давид де Геа на Реал Мадрид, дури има намера да му предложи нов мултимилионски договор на шпанскиот голман.

Вчера некои медиуми објавија „бомбастична“ вест„ дека „црвените ѓаволи“ се подготвени да дадат 50 милиони фунти и Де Геа во замена за Герет Бејл.

Според „Дејли експрес“, сепак тоа е бескрајно далеку од вистината. Токму напротив – на „Олд Трафорд“ биле свесни дека од Реал се заинтересирани за нивниот голман, па затоа одлучија да му понудат нов договор.

Договорот ќе биде за 5 години, во кои Де Геа ќе заработи вкупно 52 милиони фунти. Во него ќе биде и фиксната цена за Шпанецот – 50 милиони фунти, што е апсолутен рекорд за голман, а оваа цена може да го одбие дури и Реал. Како што е познато моменталниот рекорд е сумата од 32.6 милиони фунти која Јувентус пред 14 години ја плати за Џиџи Буфон

Инаку Де Геа дојде во Јунајтед од Атлетико за 18.6 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП