Лучијано Спалети може да стане тренер на Наполи, ако раководството на клубот не се договори со Рафаел Бенитез за нов договор, пишува „Калчомеркато“.
Договорот на шпанскиот стратег истекува на крајот на сезоната и засега не е позанато дали ќе има продолжение.
Според информациите на италијанскиот медиум, во Наполи Спалети ќе добива по 3 милиони евра по сезона. Платата на Бенитез во моментов е 3,5 милиони евра.
Последниот ангажман на Спалети беше како тренер на Зенит (Санкт Петербург). Тој замина во март 2014-та година, но тој продолжува да добива плата. Ова ќе трае до истекот на неговиот договор во текот на летото оваа година.