13 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНООфицијална понуда за Јоветиќ од Јувентус

Официјална понуда за Јоветиќ од Јувентус

Barclays Asia Trophy - Training Sessions

Италијанскиот шампион, Јувентус, доставил официјална понуда за Стеван Јоветиќ до Манчестер Сити, откриваат извори на „Goal“.

„Старата дама“ нуди 2.6 милиони евра за да го земе Јоветиќ како позајмен играч до крајот на сезоната, плус обврската да плати уште 21.6 милиони за трансферот.

Уште неколку италијански екипи покажуваат интерес за поранешниот фудбалер на Фиорентина, откако Јоветиќ се пресели во Англија во 2013-та година.

„Се разбира дека Стеван има иднина овде. Тој е многу важен играч за нас. Бони пристигна кај нас, но тоа е одлука што ја превземавме по продажба на Алваро Негредо. Бони го заменува Алваро, а не Јоветиќ“, коментира менаџерот на Сити, Мануел Пелегрини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП