27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИран следен противник на Македонија на Мундијалот во Катар

Иран следен противник на Македонија на Мундијалот во Катар

mak rakomet 35

Македонската ракометна репрезентација вечер го игра вториот натпревар на Светското првенство во Катар. По убедливиот старт и триумфот над Тунис од 33:25, денешен ривал на нашата репрезентација е Иран.

Во првиот натпревар од првенството Иран имаше добар старт и одлично прво полувреме кога против Босна и Херцеговина водеше со 16:12, но почетните минути од вториот дел за нив беа лоши и противникот со серија од 7:0 го презеде водството.

Најдобриот играч во македонскиот состав од првиот дуел, левото крило Дејан Манасков очекува нови два бода и приближување кон осминафиналето.

„Иран е послаб противник од Тунис. Треба да одиграме добро и да бидеме концентрирани во играта и со тоа да се освојат два нови бода. Мислам дека Босна и Херцеговина одигра лошо прво полувреме, затоа и беше таков текот на натпреварот“, изјави Дејан Манасков кој беше прогласен на играч на натпреварот со Тунис со шест голови од исто толку обиди.

Почетокот на натпреварот е во 17 часот, а дуелот се игра во „Али Бин Хамад Ал Атијах Арена“ во Доха.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП