9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Гал упорен, 47 милиони фунти за Хумелс?

Ван Гал упорен, 47 милиони фунти за Хумелс?

194879062254b8e7d7bee81279767007_orig

Се чини дека Луис ван Гал конечно се реши да доведе некој квалитетен стопер во Манчестер јунајтед – медиумите пренесуваат дека се подготвува понуда за Матс Хумелс.

Германскиот репрезентативец и член на Борусија Дортмунд се споменува како потенцијално засилување на „црвените ѓаволи“ во последниве два преодни рока, но Борусија ја одбиваше продажбата.

Како што наведуваат медиумите на островот, Јунајтед веќе испратил понуда од 32 милиони фунти која е одбиена.

Но, Ван Гал овој пат не сака да се откаже, па во текот на денот ќе биде одржан состанок со Ед Вудворд, извршниот директор, со цел во Рур да биде пратена понуда посилна за 15 милиони фунти, за која се верува дека ќе биде доволна да го наговори Јирген Клоп на продажба.

Хумелс важи за еден од најдобрите дефанзивци во последниве неколку сезони, а својата класа ја потврди со сјајните настапи на Мундијалот во Бразил каде што командуваше со одбраната на Германците, кои стигнаа до титулата светски првак.

Исто така, кандидати за последната линија на најпопуларниот британски клуб се и Шејмус Колман, десниот бек на Евертон и Натаниел Клајн, десниот бек на Саутемптон, како и стоперите на Шалке и на Селтик, Бенедикт Хеведес и Виргил ван Дајк, доколку не се реализира трансферот на Хумелс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП