21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико против Барселона во четвртфиналето на Купот на Шпанија

Атлетико против Барселона во четвртфиналето на Купот на Шпанија

nino

Атлетико Мадрид и Барселона се последните два тима кои обезбедија пласман четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Шпанија, во кое ќе играат меѓусебе.

Во последните два осминафинални натпревари одиграни синоќа, Атлетико благодарение на двата гола на Фернандо одигра нерешено 2:2 против градскиот ривал Реал кој пред осум дена го победи со 2:0.

Барселона која пласманот во четвртфиналето го најави уште пред седум дена кога го победи Елче со 5:0, истиот го завери со новата победа, сега на гостински терен со триумфот од 4:0.

Така во четвртфиналето на „Купа дел Реј’’ Атлетико Мадрид и Барселона меѓусебно ќе решаваат кој тим ќе игра во полуфиналето и тоа со средбите во Мадрид на 21 јануари и седум дена подоцна (28 јануари) во Барселона.

Останатите четвртфинални парови ги сочинуваат: Малага – Атлетик Билбао, Виљареал – Гетафе (21 јануари) и Еспањол – Севиља (22 јануари).

Реванш натпреварите ќе се играат на 28 и 29 јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП