Веќе долго време навивачите на Арсенал чекаат менаџерот Арсен Венгер да почне да доведува големи ѕвезди во клубот, па после Месут Озил и Алексис Санчез на „Емирати“ ќе пристигнат уште две скапи засилувања.
Имено, Венгер е подготвен да го одврзе ќесето и оваа зима, и веќе започнал преговори за доведување на двоецот од Борусија Дортмунд, Матс Хумелс и Илкај Гундоган.
Јирген Клоп веќе даде зелено светло за Гундоган, а што се однесува до Хумелс сигурно би бил големо засилување за „топџиите“, но и удар за Манчестер Јунајтед кој веќе долго време е заинтересиран за Германецот.
Најаверојатно, Венгер сака да издвои фантастични 80 милиони евра за двајцата германски репрезентативци од кои 60 милиони евра ќе одат на Хумелс, а 20 за Гундоган.
Покрај тоа медиумите пренесуваат дека Венгер е заинетерсиран за фантастичниот голман на Џенова, Матија Перин кого на Апенините го нарекуваат „новиот Буфон“.