Роберто Солдадо беше најголемото засилување, односно требаше да биде по продажбата на Бејл во Реал Мадрид. Во Шпанецот беа вложени скоро третина од парите кои беа добиени од Велшанецот.
Резултатите 18 месеци подоцна се поразувачки. Солдадо не е стартер, игра по куповите и во Лига Европа, а во Англија на 36 средби во Премиерлигата даде само 7 гола. Вкупно во сите натпреварување само 15-пати ја затресе противничката мрежа, но од рекордната аквизиција, нормално е да се очекува многу повеќе.
Тој целосно ја загуби самодовербата, на последната средба се посрамоти против Барнли, Тотенхем постигна четири гола, а Шпанецот ниту еден. Имаше одлична можност, но погледнете како заврши, а по натпреварот изјави дека станува збор за страшно промашување, но дека ќе биде подобро…