25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајскапиот бокс натпревар во историјата e пред договор!

Најскапиот бокс натпревар во историјата e пред договор!

Mayweather-Pac

Понудата за долгоочекуваната борба меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакујао е на масата, се очекуваат потврдите од двете страни.

Промоторот на Пакујао – Боб Арум, потврди дека предлогот е 200 милиони долари, а ќе се дели во сооднос 60/40. Тоа значи дека Флојд Мејведер – Џуниор ќе добие 120 милиони долари, а Мани Пакујао – 80 милиони долари.

Ако се постигне договор, дуелот ќе се одржи на 2-ри мај, а тој ќе стане и најскапиот бокс натпревар во историјата.

Денес Мејведер веќе има 37 години, а Пакујао 36 години.

Дуелот сепак сигурно ќе предизвика огромен интерес и покрај староста на двајцата и фактот дека Пакујао загуби две од последните пет средби.

Флојд Мејведер продолжува да е непоразен на професионалниот ринг, а во исто време е и најдобро платениот спортист во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП