29 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОSun: Сити подготви 480 милиони фунти за Меси!

Sun: Сити подготви 480 милиони фунти за Меси!

mesi siti

Бринаскиот весник во денешното издание на насловната страна пренесе вест за високата астрономска сума со која „граѓаните“ тргнуваат во „лов“ на најдобриот фудбалер на Барселона.

Само еден ден откако Вилфред Бони пристигна од Свонси (најскапиот трансфер во досегашниот тек на преодниот рок), „Sun“ пласираше информација дека Манчестер Сити тргнува во акција за доведување на Лео Меси.

Наводно, раководството на Сити има подготвено понуда „тешка“ дури 480 милиони фунти.

Коментар на оваа тема имаше и менаџерот на актуелниот шампион на Англија, Мануел Пелегрини.

„Сосема е нормално дека големите и богати клубови да се поврзуваат со најдобрите играчи на планетата. Сепак, шпекулациите често доаѓаат како плод на лични интереси, а не на клубски. Тоа е се што можам да кажам“, вели Чилеанецот.

Потсетуваме, Манчестер Сити во 1/8 финалето од Лигата на шампиони игра токму против Барселона, па така оваа информација треба да се гледа и од тој агол…

msa

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП