ПочетнаИНТЕРЕСНОВан Гал се откажува од Јанузај

Ван Гал се откажува од Јанузај

januzaj te

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луис Ван Гал донесе одлука да се откаже Аднан Јанузај во јануарскиот преоден рок, соопштува „Дејли Меил“.

19-годишниот фудбалер има само два настапи од почетокот на сезоната во Премиерлигата.

И покрај сериозните проблеми со повредени фудбалери, Јанузај и не доби можност за докажување од страна на Ван Гал.

Уште повеќе шокантни се минутите на белгискиот фудбалер во овие два натпревари, во кои учествувал, а тие изнесуваат 27.

Тој играше 26 минути во натпреварот против Стоук Сити во натпреварот од првиот ден од новата година и само една минута во дуелот против истиот ривал, но еден месец порано.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП