
Јувентус понудил 18 милиони евра за напаѓачот на Манчестер Сити Стеван Јоветиќ, тврди „Спорт Медиасет“.


Јувентус понудил 18 милиони евра за напаѓачот на Манчестер Сити Стеван Јоветиќ, тврди „Спорт Медиасет“.
25-годишниот играч одамна е во видното поле на „старата дама“, уште пред да премине на „Етихад“ од Фиорентина во 2013-та година.
Од Јуве понудиле 2 милиони евра, за да го земат Јоветиќ како позајмен играч до крајот на сезоната и уште 16 милиони како клаузула за одрекување на неговите права во текот на летото. Од Манчестер Сити сепак инсистирале клаузулата за одрекување да е задолжителна, што практично значи дека двата клуба уште отсега ќе договараат продажба на играчот.
Клубот од Торино сепак не сака да се врзува со задолжително купување, а имаат тенденција да го задржат Јоветиќ, само ако тој одигра барем 10 натпревари во сезоната. Така двата клуба се уште не постигнале договор и преговорите продолжуваат.
Јоветиќ и така не успеа да се наметне во Манчестер Сити во последните две сезони. Првата година тој долго беше повреден и тоа беше главната причина да не игра, додека сега честото останување на клупа е тренерско решение на Мануел Пелегрини, кој очигледно не смета многу на него. Во оваа сезона Црногорецот има 12 натпревари и 5 гола во Премиерлигата.