20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИгуаин пред потпис со Ливерпул!?

Игуаин пред потпис со Ливерпул!?

gonzalo iguain 2249

Аргентинскиот репрезентативец и напаѓач на Наполи, Гонзало Игуаин наводно се наоѓа пред потпис за Ливерпул.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид би можл да ги засили редовите на „црвените“, а според пишувањата на англиските медиуми, челниците на клубот од Енфилд се подготвени да извојат 30 милиони фунти.

Евентуалното доаѓање на Игуаин би значело и сигурна продажба на Марио Балотели, кој никако не се снајде во Ливерпул.

Игуаин кариерата ја започнал во Ривер Плата, откаде премина во Реал Мадрид, каде одигра 190 натпревари и постигна 107 голови.

Во Наполи стигна во 2013-та година, а минатата сезона постигна 24 гола. Во тековната сезона веќе е на бројката од 14 погодоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП