16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчини без проблем може да си замине од Интер, но под еден...

Манчини без проблем може да си замине од Интер, но под еден услов!

mancini intrer 3

Роберто Манчини може да ја напушти тренерската позиција во Интер во секое време, ако добие понуда од ПСЖ.

Според информациите, 50-годишниот италијански стратег вклучил во договорот со клубот од Милано специјална клаузула која ќе му овозможи тоа, без финансиски побарувања од страна на „нероазурите“.

Манчини го презеде Интер во ноември откако го замени на тренерската позиција Валтер Мадзари, а тогаш потпиша договор за 2 и пол години.

Откако Карло Анчелоти го напушти ПСЖ, Манчини покажуваше сериозен интерес за тренерската позиција во францускиот клуб, но не доби понуда. Тогаш на чело на тимот застана Лоран Блан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП