19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНа Островот се појави изненадувачки кандидат за Меси

На Островот се појави изненадувачки кандидат за Меси

Barcelona and Argentina forward Lionel M

Изненадувачки кандидат за потписот на мегаѕвездата на Барселона, Лионел Меси се појави во Премиерлигата.

Додека сите ги споменуваат Челзи и Манчестер Сити за евентуалните нови предизвици пред 27-годишниот Аргентинец, одеднаш во спорот се вклучи и Манчестер Јунајтед!

Според информациите на „Гардијан“ само „црвените ѓаволи“ можат да платат 250 милиони евра за правата на Меси без да ги кршат правилата за финансискиот ферплеј. Слична е ситуацијата и со Реал Мадрид, но трансфер на Меси во редовите на „кралевите“ практично е невозможен.

Самиот Меси сепак уште еднаш ја отфрли можноста да ги смени клупските бои на церемонијата на доделувањето на „Златната топка“.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луис Ван Гал доби зелено светло уште во текот на летото за мегатрансферот од раководството на тимот.

Од следната сезона само од спонзорскиот договор со Адидас, „црвените ѓаволи“ ќе добијат по 75 милиони фунти годишно. Фан-базата Јунајтед брои околу 700 милиони луѓе низ целиот свет, што гарантира брзо враќање на инвестираните средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП