19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Ѓаволите“ трошат најмногу за плати од сите

„Ѓаволите“ трошат најмногу за плати од сите

man utd 305

Челзи можеби е лидер на табелата во Премиер лигата, но трошоците за плати на фудбалерите се доста под оние на главните конкуренти од Манчестер, покажуваат последните податоци.

Годишните извештаи на лондонскиот клуб покажуваат дека минатата сезона биле платени 190.5 милиони фунти (243.5 милиони евра) за плати, што е зголемување од осум проценти.

Број 1 според трошоците не само во Англија, но и во Европа е Манчестер Јунајтед! Од нивниот буџет 214.8 милиони фунти (274.5 милиони евра) одат за плати, додека кај Манчестер Сити се забележува пад до 205 милиони фунти (262 милиони евра).

На трето место се наоѓа Арсенал со 166.4 милиони фунти по оваа ставка. За споредба – успехот на Саутемптон на теренот доаѓа со еден многу скромен буџет за плати на фудбалерите. Минатата година „светците“ платиле 47.1 милиони фунти.

Сметките на Челзи потврдуваат дека е постигнат профит од 18.4 милиони фунти. Голем дел е формирана од трансферите на фудбалери како Хуан Мата во Манчестер Јунајтед, Давид Луис во ПСЖ и Кевин де Бруин во Волфсбург.

Трансферите со играчи дозволуваат да се надмине загубата од речиси 50 милиони фунти од година порано, на тој начин успеваат да се вклопат во барањата за финансискиот ферплеј на УЕФА.

Приходите од телевизиските права на „сините“ се зголеми од 34 на 139 милиони фунти поради новиот договор на Премиерлигата плус достигнувањето до полуфиналето во Лигата на Шампионите. Приходите од стопанската дејност исто така бележат добар раст со 29 милиони фунти до 108 милиони. Прометот порасна за 64 милиони фунти до речиси 320 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП