22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФерари ќе инвестира 40 милиони евра во специјална технологија

Ферари ќе инвестира 40 милиони евра во специјална технологија

ferari bolid 35

Тимот од Формула 1, Ферари ќе потроши 40 милиони евра за нова технологија која ќе помогне за подобрување на претставувањето на „црните коњчиња“.

„Скудерија“ имаше проблеми со настапите во 2014-та година и по крајот на сезоната следеа некои сериозни поместувања во тимот. Промена се случи и меѓу пилотите. Фернандо Алонсо се врати во Мекларен, а од Маранело одговорија со привлекувањето на Себастијан Фетел од Ред Бул.

За да го подобрат претставувањето на болидите во 2015-та година од Ферари ќе купат динамична платформа која ќе овозможи целосно тестирање на автомобилите.

Според „Газета дело Спорт“ потегот на „црните коњчиња“ е диктиран од интеракции на тимот со австралиската компанија „AVL“. Компанијата неодамна се занимаваше со подобрувањата и развојот на автомобилите на Ред Бул.

Поради новововедени рестрикции за тестови на патеката, платформата на „AVL“ ќе му помогне на Ферари да го развива болидот во симулативни услови кои овозможуваат постигнување на брзина од 360 км/ч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП