17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНастасиќ премина во редовите на Шалке

Настасиќ премина во редовите на Шалке

nastasic 35

Англискиот шампион Манчестер Сити го оствари првиот излезен трансфер во оваа зима. „Граѓаните“ го испратија во Германија својот непотребен дефанизвец Матија Настасиќ, пишуваат медиумите во двете земји.

Србинот оди како позајмен играч до крајот на сезоната. Во неговиот договор ќе има и клаузула за постојано одрекување во летниот преоден рок. Таа ќе е во вредност од 10 милиони фунти и не е обврзана со бројот на неговите настапи.

Шалке исто така ја презема и целата плата на фудбалерот, иако е позајмен во моментов, тие ќе му плаќаат по 100 илјади евра неделно, што ќе го направи еден од најскапите во тимот.

Двата тима преговараа доста време за цената на играчот. Германците даваа само 8 милиони фунти, додека „граѓаните“ сакаа 12 милиони. На крајот, тие се договорија на средината, но договорот ќе стапи во сила на крајот од сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП