8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКолку вреди „Златната топка“?

Колку вреди „Златната топка“?

ronaldo zlatna topka

Меси, Роналдо, Меси, Роналдо, Меси, Роналдо … Грубо кажано, таков е изборот за победник за „Златната топка“ во последните години. Сега двајцата повторно се меѓу финалистите, а во тројката е и голманот на светскиот шампион Германија, Мануел Нојер.

Церемонијата вечерва се очекува со интерес, бидејќи ќе даде одговор на прашањето може ли голман да ја освои наградата. Најголемиот фаворит на букмејкерите е Роналдо, а тие ретко грешат. „Sportingbet“ дава коефициент 1,142 за тоа дека Португалецот ќе ја земе наградата. По него е рангиран Нојер со 5,5, а четирикратниот добитник на наградата Меси е трет со 21,00.

Ако мислите дека прогласувањето на најдобриот фудбалер во светот за годината е само прашање на престиж, размислете повторно. „Златната топка“ се повеќе се претвора во бизнис.

Големите клубови користат продлабочени анализи, за да ги оценат придобивките кои ги добиваат од медиумското присуство на најдобрите фудбалери. Според експертот во студиите Спенсер Нолан оваа година најголемиот одек ќе дојде ако Нојер ја освои „Златната топка“. Причината е во тоа што медиумите и луѓето веќе се навикнати на успесите на Роналдо и Меси.

„„Златната топка“ веќе е многу важна. Со неа може да се измери влијанието на даден фудбалер во рекламен однос“, вели адвокатот Рикардо Гарсија, цитиран од „Блумберг“. Тој работи во Мадрид и се занимава со трансферите на шпански и јужноамерикански фудбалери.

Според неговите зборови, во некои договори веќе има клаузула за доделување на бонуси на играч, кој ја освоил „Златната топка“. Има и клубови кои исто претендираат за остварени, ако фудбалер ја земе наградата по преминувањето во нов тим.

Така направија од Реал, кои побарале бонус, ако Анхел ди Марија земе „Златната топка“ како играч на Манчестер Јунајтед. Аргентинецот премина на „Олд Трафорд“ во текот на летото за 59.7 милиони фунти. Бразилски Сантос ќе добие 2 милиони евра од Барселона, ако Нејмар се најде меѓу тројцата финалисти.

„Нема никакво сомневање дека „Златната топка“ ги зголемува пазарните приходи како на фудбалерот, така и на клубот. Наградата станува се поважна, така како што фудбалот се повеќе се претвора во бизнис“, додаде Гарсија.

Денеска со почетокот во 18.30 часот на манифестацијата која ќе се одржи во Цирих ќе биде познат освојувачот на оваа престижна награда за изминатава година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП