22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона го совлада шампионот Атлетико Мадрид (видео)

Барселона го совлада шампионот Атлетико Мадрид (видео)

mnb

Фудбалерите на Барселона синоќа остварија победа во дербито на 18.коло на Примера совладувајќи го шампионот Атлетико Мадрид со 3:1.

Трите голови ги постигнаа напаѓачите на „Каталонците“, Нејмар (12.минута), Луис Суарез (35)
и Лионел Меси (87), додека стрелец за гостите беше Марио Манџукиќ од пенал (57).

На другите дуели од оваа рунда беа постигнати следниве резултати: Гранада – Реал Сосиедад 1:1, Атлетик Билбао – Елче 1:2, Алмерија – Севиља 0:2, Еибар – Хетафе 2:1, Селта – Валенсија 1:1, Малага – Виљареал 1:1, Реал Мадрид – Еспањол 3:0 и Леванте – Депортиво 0:0.

Вечерва се игра последниот натпревар од колото меѓу Рајо Ваљекано и Кордоба.

Табела: Реал Мадрид 42 бода, Барселона 41, Атлетико Мадрид 38, Севиља 36, Валенсија 35,
Виљареал 32, Малага 31, Еибар 26,…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП