21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОКолку вреди Бејл?

Колку вреди Бејл?

gero 3

Продолжуваат шпекулациите дека Бејл ќе го напушти Реал Мадрид и ќе се врати во Англија.

Манчестер Јунајтед нема проблеми со финансиите, а според некои информации во врска со трансферот на Лео Меси од Барселона, тие се единствените кои се во состојба да го доведат, а да немаат проблеми со финансискиот фер-плеј.

Нивната цел, судејќи според изворите во Англија, е Герет Бејл, фудбалерот на Реал Мадрид кој оваа сезона не игра на исто ниво како минатата.

Се говори дека Реал е подготвен да го продаде, но не за помалку од 150 милиони евра!

Според одредени медиуми во Шпанија, Реал сигурно ќе ја прифати понудата на „ѓаволите“ доколку тие ја понудат оваа сума.

Знаеме дека овие два тима имаат одлични односи кога се трансферите во прашање, успешно беа завршени работите околу Кристијано Роналдо и Анхел ди Марија.

Дали можеме да очекуваме уште еден сензационален трансфер?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП