2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси го брка Енрике, а го враќа Рајкард!

Меси го брка Енрике, а го враќа Рајкард!

mesi rajkard 3

Голем скандал во Барселона објави каталонската „TV3“. Медиумот откри дека ѕвездата на тимот Лионел Меси имал средба со претседателот Пеп Марија Бартомеу, на која од него барал ветување дека ќе го отпушти тренерот Луис Енрике, како и уште неколку членови на штабот кои на Аргентинецот не му се допаѓаат.

Тие разговараа и за евентуалниот заменик на Енрике. Симпатиите на Меси беа на страната на Франк Рајкард.

Бартомеу се ангажирал да ги исполни во што е можно пократко време барањата на мегаѕвездата. Неколку часа подоцна, сепак лично Бартомеу негираше голем дел од тврдењата.

Тој призна за средбата со Меси по натпреварот со Елче, но таа не била во четири очи, а биле присутни и други играчи на каталонците.

Од опкружувањето на Меси исто така потврдија за средбата, но ја поддржаа и верзијата на Бартомеу дека имало и други соговорници.

Дури и да било така, тогаш тоа не значи дека имало несогласувања на темата за ослободување на Енрике. Според „TV3“ расположението во соблекувалната на Барселона е во поддршка на Меси и против Енрике.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП