2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнтересно: Лампард е во сопственост на „граѓаните“!

Интересно: Лампард е во сопственост на „граѓаните“!

lam siti

Раководството на англиската Премиер лига официјално потврди дека Френк Лампард е сопственост на Манчестер Сити и нема поврзаност со други клубови. Фудбалерот е регистриран во составот на „граѓаните“ за целата сезона.

Како што е познато, Лампард го напушти Челзи на крајот на минатата сезона и најави дека ќе премине во Њујорк Сити. Напротив, се покажа дека тој не потпишал договор со американскиот тим и не е позајмен на Манчестер Сити.

Неговиот договор со шампионот на Англија е целосно валиден и нема пречка 36-годишниот фудбалер да продолжи да игра за тимот на Мануел Пелегрини.

Одбиени беа и претпоставките дека Лампард потпишал со „City Football Group“ – компанијата која е сопственик и на двата клуба.

Ова го поставува прашањето дали халфот воопшто ќе се приклучи на Њујорк Сити, макар и само во текот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП