6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКавани и Верати во замена за Погба?

Кавани и Верати во замена за Погба?

kavani pogba 35

Раководството на Јувентус е отворено кон идејата да преговара со ПСЖ за трансфер на Пол Погба, но само ако ги добие во замена Единсон Кавани и Марко Верати.

Францускиот фудбалер е еден од најскапите играчи во составот на „бјанконерите“, кои веќе неколку години издржуваат различни трансфер напади за него. Во исто време, сепак Јуве доста време покажува симпатии кон Кавани, а особено Верати, па поради тоа се надеваат дека ќе најдат заеднички јазик.

Се претпоставува дека ако првите луѓе на клубовите се договорат, Кавани ќе дојде како позајмен играч со опција за откупување во текот на летото. Верати пак ќе пристигне со постојан трансфер, додека Погба заминува да потпише во Париз.

Потсетуваме дека претходно во сезоната Погба го обнови договорот со гигантот од Торино до 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП