26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлжир прв вистински тест за македонските ракометари

Алжир прв вистински тест за македонските ракометари

obrvan

Машката ракометна репрезентација вечер во Нант го игра првиот натпревар на турнирот во Франција, а противник е селекцијата на Алжир.

Ова воедно е првиот вистински тест за избраниците на селекторот Ивица Обрван пред настапот на
Светското првенство во Катар.

– Алжир е вистинска проверка за тоа што не очекува на стартот на шампионатот во Катар и првиот натпревар со Тунис. И Алжир е дел од „африканската школа“ каде предводници се Тунис и Египет.

Нашиот вечерашен ривал е помалку квалитетен, но негуваат ист стил на игра, агресивен и борбен, изјави репрезентативецот Наумче Мојсовски пред заминувањето за Франција.

Нашите ракометари синоќа имаа и тренинг во салата во Нант, а надминат е и проблемот со багажот и комплетната опрема е пристигната во Нант. Дуелот меѓу Македонија и Алжир почнува во 20:45 часот, а претходно играат Франција и Аргентина (почеток 18:15 часот).

Утре на програмата се натпреварите за конечен пласман на турнирот и победниците ќе играат во финалето, а поразените во дуелот за 3.место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП