Манчестер Јунајтед му понудил договор за година и пол на поранешниот голман на Барселона, Виктор Валдес, пренесоа медиумите во Англија.
32-годишниот голман ги напушти „каталонците“ во текот на летото, бидејќи неговиот договор со клубот истече.
Според изданието, голманот ќе ја прифати понудата на Јунајтед, каде тренира од октомври.
Светскиот шампион со Шпанија беше блиску до договор со Монако, но доби повредата на коленото, го принуди францускиот клуб да го повлече предлогот.
Се смета дека другите двајца голмани на „црвените ѓаволи“, Бен Амос и Андерс Линдегаард ќе го напуштат „Олд Трафорд“, бидејќи не добиваат шанси за докажување.
Токму актуелниот менаџер на Јунајтед, Луис ван Гал почна да го наметнува Валдес во Барселона, кога ги предводеше „каталонците“ во сезоната 2002/2003 година.
Во последните недели голманот бил подложен на строги медицински тестови од клубот, за да се провери физичката состојба пред да му биде предложен договор.
За 11-те години престој во Барселона, Валдес три пати ја освои Лигата на Шампионите и шест пати стана шампион на Шпанија.
Тој е светски (Јужна Африка, 2010 година) и европски (Полска и Украина 2012) шампион со Шпанија, иако не играше клучна улога за „црвената фурија“, бидејќи беше резерва на Икер Касиљас.