7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМејведер повторно се фали со своето богатство

Мејведер повторно се фали со своето богатство

catal1nas

Најбогатиот спортист во светот – Флојд Mејведер Џуниор е познат по екстравагантните купувања.

Може да се каже дека Флојд има повеќе пари отколку што би можел да потроши, но тој тоа го изложува на тест со некои од откачените работи што ги прави со парите. За 12 месеци – до 1 јуни 2014-та година тој заработил 105 милиони долари од само две боксерски средби.

Боксерот има две флоти со луксузни автомобили. Сите автомобили во неговата куќа во Мајами се црни, а во неговата куќа во Лас Вегас се бели. Фотографијата објавена од Мејведер на социјалната мрежа „Twitter“ ја покажува приврзаноста кон богатството и неговата желба да го покаже тоа.

Сликата се нарекува „Welcome to my world“ и на неа боксерот позира со своите омилени автомобили, како и својот приватен авион.

catal12

A. Ferrari 599 GTB Fiorano – проценет на 350.000 долари.

B. Porsche 911 Turbo Cabriolet – проценет на 170.000 долари.

C. Lamborghini Aventador LP 700-4 – проценет на 400.000 долари.

D. Ferrari 458 Italia Spider – проценет на 260.000 долари.

E. Флојд Мејведер – нето вредност на богатството 280 милиони долари.

F. Ferrari 458 Italia Spider – проценет на 260.000 долари.

G. Gulfstream GIII – проценет на 2 милиони долари.

H. Bugatti Veyron Grand Sport – проценет на 1.9 милиони долари.

I. Bugatti 16,4 Veyron – проценет на 1.3 милиони долари.

J. Bugatti Veyron 16.4 – проценет на 1.3 милиони долари.

Вкупната вредност на егзотичната колекција на автомобили на спортистот се проценува на 5.94 милиони долари. Ова сепак е капка во морето со богатство на боксерот во износ од 280 милиони долари, а само на една од своите сметки тој има 123 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП