2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтланта продолжува со победите, Перо Антиќ постигна рекордни 13 поени

Атланта продолжува со победите, Перо Антиќ постигна рекордни 13 поени

xsx

Екипата на Атланта ја продолжи серијата победи откако ноќеска славеаше на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс.

Ова за Атланта беше седма победа на гостински терен по ред или 19.та на 21.натпревар. Пол Милсап со 23
поени и Џеф Тиг со 20 беа најефикасните кај победникот, додека Блејк Грифин постигна 26 кај поразениот тим. Перо Антиќ постигна за него рекордни 13 поени сезонава.

Резултати на ноќеска одиграните натпревари: ЛА Клиперс – Атланта 98:107, Филаделфија-Кливленд 95:92, Бостон ­- Шарлот 95:104, Бруклин ­- Далас 88:96 (продолжение), Чикаго ­-Хјустон 114:105, Мемфис -­ Њујорк 105:83, Минесота – Денвер 101:110, Њу Орлеанс -­Вашингтон 85:92, Јута -­ Индијана 101:105, Портланд -­ ЛА Лејкерс 98:94, Голден Стејт =­Оклахома Сити 117:91.

Вечерва се играат два натпревара: Милвоки – Феникс и Сан Антонио – Детроит.

Пласман Источна конференција: Атланта 26­8 (победи­порази), Чикаго 25­10, Торонто 24­10, Вашингтон 23­11, Кливленд 19­16, Милвоки 18­17,…

Пласман Западна конфернција: Голден Стејт 27­5, Портланд 27­8, Мемфис 25­9, Далас 26­10, Хјустон 23­11, ЛА Клиперс 23­12, Сан Антонио 21­14,…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП