27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДоколку го сака Снајдер, Јуве мора да плати 20 милиони евра

Доколку го сака Снајдер, Јуве мора да плати 20 милиони евра

snajder112

Ако Јувентус го сака Весли Снајдер, за тоа треба да плати трансферна сума во износ од 20 милиони евра. Така тврди личниот агент на холандскиот репрезентативец, кој во моментов ги брани боите на турскиот Галатасарај.

30-годишниот плејмејкер е на „Турк Телеком Арена“ веќе повеќе од една година, а успеа набрзина да ја освои љубовта на фанатичните турски навивачи. Недоразбирањето со раководството, сепак е на пат да го протера од истанбулскиот гигант.

Главен фаворит за неговиот потпис е веќе споменатиот тим на Јувентус, кој бара класа од играч за претстојните тешки натпревари до крајот на сезоната.

„Раководството на Галатасарај ме увери дека ќе го задржи Весли и не сака да го продаде. Снајдер го сака клубот. Тој и неговата сопруга го обожаваат Истанбул и сакаат да останат тука. Ако Јувентус навистина има интерес за мојот клиент, нека се поврзат со раководството на Галатасарај, не со мене. Клаузулата за ослободување изнесува 20 милиони евра, ниту цент помалку“, беше категоричен беше агентот на Снајдер, Гвидо Алберс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП