
Перо Антиќ не доби шанса да партиципира во победата на својот тим Атланта на синоќешното гостување кај Јута, па целиот натпревар го проследи од клупата.


Перо Антиќ не доби шанса да партиципира во победата на својот тим Атланта на синоќешното гостување кај Јута, па целиот натпревар го проследи од клупата.
Со триумфот од 98:92 против Јута тимот на Атланта ја оствари 17тата победа во последните 20 натпревари.
„Хоукси“ сега имаат вкупен учинок од 24 победи и осум порази со кој го презедоа првото место во Источната конференција, од Торонто кој пак во дербито на вечерта загуби од Голден Стејт со 126:105.
На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати: Милвоки – Индијана 91:94, Шарлот – Кливленд 87:91, Орландо – Бруклин 98:100, Бостон – Далас 101:119, Њујорк – Детроит 81:97, Њу Орлеанс – Хјустон 111:83, Оклахома Сити – Вашингтон 109:102, Феникс –Филаделфија 112:96 и Лос Анџелес Лејкерс – Мемфис 106:109.