19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПодолски се сели во Интер

Подолски се сели во Интер

podli inter

Напаѓачот на Арсенал Лукас Подолски веќе може да се смета за сигурно ново засилување на Интер. Германскиот репрезентативец пристигна во Милано доцна синоќа и денес ќе ги помине медицинските прегледи, по што ќе потпише договор со „нероазурите“.

Според „Sky Sport Italia“, Подолски ќе игра во Интер на позајмица до крајот на сезоната, а договорот ќе биде во вредност од 600.000 фунти.

„Зборував со Роберто Манчини и мислам дека тој е одличен тренер. Тој ме сакаше и јас сум многу среќен да бидам тука. Јас сум запознаен со италијанското првенство. Нашата главна цел оваа сезона ќе е да влеземе во Лигата на Шампионите. Форца Интер“, изјави напаѓачот при пристигнувањето во Милано.

Интер ќе биде четвртиот клуб во кариерата на 29-годишниот играч. Тој ги прави првите чекори во професионалниот фудбал во Келн, а во 2006-та година преминува во Баерн за 10 милиони евра. Не успева да импресионира со настапот и за слична сума се враќа во Келн во 2009-та година.

Со надеж дека ќе ја оживее кариерата, Подолски потпиша со Арсенал во зимскиот прозорец на 2012-та година. Тој имаше добра прва сезона, но постепено почна да добива се помалку шанси за докажување. На крајот на ноември напаѓачот изјави дека се чувствува како кловн на „Емирати“.

Во оваа сезона Подолски играше на 13 натпревари во сите натпреварувања, а само два пати беше во почетниот состав. Неговата последен настап беше во средината на декември, кога играше 17 минути против Њукасл.

Манчини го поздрави Подолски и изрази надеж дека тој ќе ја продолжи традицијата на успешната германска традиција во Интер.

„Тој ќе му понуди на тимот одлично искуство и квалитет. Тој ќе потпише со нас, а тоа ќе биде одлично за тимот. Го познавам добро како играч, тој може да покрива многу позиции, има неверојатен удар, а настапувал за клубови како Арсенал и Баерн. А ако се вратиме назад во времето, Германците секогаш се прилагодувале одлично во „Интер“, коментира Манчини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП