17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе разгорува битката за потписот на Фалкао

Се разгорува битката за потписот на Фалкао

radamelco 4

Изгледа битката за потписот на напаѓачот Радамел Фалако ќе биде сериозна. Затоа што не само Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид го сакаат фудбалерот на Монако.

Како што е познато, во моментов Колумбиецот игра на „Олд Трафорд“ како позајмен играч на една сезона. Според медиумите во Англија „црвените ѓаволи“ се подготвени да платат уште 50 милиони евра за да го задржат за постојано.

Повторно на Островот, сепак се прават други сметки. Имено, дека Реал Мадрид ќе го продаде Карим Бензема на Ливерпул, за да може да им помогне за преминувањето на Фалкао на „Бернабеу“.

Но пак во Италија имаат поинакво мислење. Јувентус исто така се споменува како сериозен кандидат за неговиот потпис. Неподготвеноста на Карлос Тевез да го обнови договорот кој истекува во текот на летото, го провоцира раководството да започне со потрага на нов класа напаѓач. Радамел Фалкао пак изгледа како совршена замена на аргентинската ѕвезда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП