17 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОOвие фудбалери ќе бидат најпосакувани во овој преоден рок

Oвие фудбалери ќе бидат најпосакувани во овој преоден рок

slobodni trans

Фудбалските правила налагаат дека секој фудбалер може да потпише за нов клуб без никакво обештетување шест месеци пред истекот на неговиот актуелен договор со актуелниот клуб во кој настапува.

Тоа значи дека од денеска сите фудбалери на кои им истекуваат договорите во јуни 2015-та година, можат да пронајдат нова средина.

Овој јануари се очекува да биде доста бурен на трансфер пазарот, а во продолжение ви ги претставуваме најквалитетните 20 фудбалери, кои летово стануваат слободни агенти.

1. Сами Кедира (Реал Мадрид)

2. Стефан Лихштајнер (Јувентус)

3. Џејмс Милнер (Манчестер Сити)

4. Андреа Ранокија (Интер)

5. Андре Ају (Марсеј)

6. Дани Алвеш (Барселона)

7. Мајкл Керик (Манчестер Јунајтед)

8. Глен Џонсон (Ливерпул)

9. Најџел де Јонг (Милан)

10. Игнацио Абате (Милан)

11. Александре Пато (Сао Паоло)

12. Себастијан Џовинко (Јувенус)

13. Алберто Аквилани (Фиорентина)

14. Емануел Адебајор (Тотенхем)

15. Андре Пјер Жињак (Марсеј)

16. Матије Фламини (Арсенал)

17. Џампаоло Пацини (Милан)

18. Стивен Џерард (Ливерпул)

19. Џон Тери (Челзи)

20. Микел Артета (Арсенал)

Стивен Џерард веќе најави дека го напушта Ливерпул, но се очекува Џон Тери да продолжи со Челзи и за следната сезона 2015/2016. Сами Кедира повеќе од сигурно ќе го напушти Реал Мадрид, а неизвесна е судбината на Дани Алвеш, кој би можел да остане на „Камп Ноу“ поради забраната за трансфери на клубот, што значи дека Барселона не би можела да купи негова замена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП