27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРастат долговите на Ливерпул

Растат долговите на Ливерпул

liverpul

Премиерлигашот Ливерпул соопшти дека во периодот од 1-ви август 2011-та година до 31-ви мај 2012 година ги зголемиле долговите за 25 милиони евра и тие сега изнесуваат 100 милиони.

Во соопштението од клубот се наведува дека зголемувањето на долгот е последица на доведувањето на нови играчи во периодот кога Ливерпул не настапуваше во Лигата на шампионите.

Ливерпул минатата година не играше дури ни во Лига Европа. Сепак навестување на подобри денови беше освојувањето на Лига купот во пролетта 2012-та година.

„Сите во клубот напорно работат да овозможат клубот секојдневно нормално да работи. Пред нас е долг пат и сите сме посветени на остварување на целта“ се наведува во соопштението.

Ливерпул е еден од најтрофејните клубови во светот со пет титули во Лигата на шампионите и 18 трофеи како шампион на Англија.

Екипата не Ливерпул моментално се наоѓа на седмото место на табелата во Премиер лигата со 29 бодови заостанување зад лидерот Манчестер Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП