14 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОВенгер е многу близу до купување на Карваљо од Спортинг

Венгер е многу близу до купување на Карваљо од Спортинг

William_carvalho_31

Броени се часовите до отворањето на јануарскиот преоден рок, а се чини дека во Арсенал ќе се зајакнат со ново засилување веднаш. Станува збор за полудефанзивецот на португалски Спортинг Лисабон, Вилијам Карваљо.

Според англискиот печат, „топџиите“ испратиле официјална понуда во канцеларијата на „лавовите“. Таа е во вредност од 25.5 милиони фунти и тешко дека ќе биде одбиена од тимот од португалската престолнина.

„Топџиите“ беа поврзувани со името на дефанзивниот играч од средниот ред уште во текот на летото. Тогаш сепак не ги задоволија финансиските барања на Спортинг и расплетот за негово привлекување на „Емирати“, остана за зимата.

Според медиумите на Островот, во наддавање за неговиот потпис е и Манчестер Јунајтед, но лондончани се напред во листата токму поради долготрајниот интерес и веќе покриените финансиски параметри.

Неодамна самиот менаџер Арсен Венгер призна дека неговиот тим има потреба од засилување во центарот на полудефанзивата, а причината е низа повреди на клучните играчи во оваа сезона и веќе го има преземено првиот потег.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП