22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОБенфика во 2014-та година - Колку заработија од трансфери?

Бенфика во 2014-та година – Колку заработија од трансфери?

benfika igraci234

Неверојатно работење имаат големите клубови во Португалија, Бенфика и Порто. Дали знаете колку Бенфика заработи?

Бенфика е позната во светот на фудбалот по својот одличен скаутинг, неретко се случувало да купат играч за помалку од милион евра и да го продадат за сума од 25 милиони евра.

Оваа година ќе биде забележана со златни букви во работењето на Бенфика, која остана без голем број на играчи, но со никогаш пополна каса.

Во 2014-та година, прво беше продаден Немања Матиќ во Челзи и тоа е единствениот играч кој оваа клендарска година го напушти клубот, а да е во прашање претходната сезона.

Челзи за него мораше да плати околу 27 милиони евра.

Лазар Марковиќ е продаден на почетокот на летниот преоден рок, а Бенфика за српскиот репрезентативец инкасираше дури 25.5 милиони евра.

Уште еден голем трансфер се случи тогаш, Јан Облак премина во Атлетико Мадрид, а Бенфика заработи уште 16 милиони евра. Енцо Перез пред неколку дена го договори трансферот во Валенсија, а неговиот клуб ќе добие 25 милиони евра, што беше потврдено и на нивната интернет страна.

Со позајмиците, бонусите кои ги добиваат, неисплатените трансфери од претходно, португалскиот гигант во 2014-та година заработи преку 100 милиони евра.

Португалскиот медиуми, „Reсord“, во своето издание од вчера направи ретроспектива според која Бенфика заработила од трансфери дури 154 милиони евра!

Покрај тоа, за Талиска, феноменалниот заден везен за кој Бенфика плати 4 милиони евра, сега клубот ја одреди цената од 40 милиони евра, а што е интересно има заинтересирани за него.

Има ли некој клуб кој подобро работи во Европа?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП