21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОСепак Барса ќе чека до 2016-та за да купува играчи

Сепак Барса ќе чека до 2016-та за да купува играчи

barsa unicef

Каталонскиот гигант Барселона нема да може да привлекува нови фудбалери во следните два трансфер прозорци. Ова стана јасно по денешната конечна одлука на спортскиот арбитражен суд кој ја отфрли жалбата на „сино-црвените“. На “Камп Ноу” нема да има трансфери до 1-ви јануари 2016 година.

Потсетуваме дека поради нарушување на трансфер правилаѕа во врска со привлекувањето на играчи под 18 години, во текот на летото тимот од „Камп Ноу“ понесе жалба, откако од ФИФА му забранија на клубот да прави трансфери во следните два преодни рока.

Каталонците поднесоа жалба, но без успех.

Во летото Барса ги доведе голманите Клаудио Браво и Марк-Андре Тер Щтеге, дефанзивците Џереми Матео, Томас Вермален и Даглас, Иван Ракитиќ и Луис Суарез.

Тренерот Луис Енрике ќе треба да се грижи со оперативен план и да се потпира на младинците. Каталонците докажувале со текот на годините дека можат да постигнат големи успеси и со играчи од својата школа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП