Според се уште непотврдени информации од Германија, Јирген Клоп повеќе не е тренер на Борусија Дортмунд.
Имено, германските медиуми тврдт дека Клоп денес и официјално го доставил својот отказ до раководството на „милионерите“.
Дортмунд има изненадувачки лоша сезона во Бундеслигата, каде се наоѓа на предпоседното место.
Во Лигата на шампиони, „милионерите“ имаат одлични резултати, но ситуацијата во Бундеслигата е алармантна па Клоп проценил дека е време да го напушти кормилото.
Клубот и тренерот се уште немаат излезно во јавност со изјави, па очекуваме во наредните часови потврда, или демант на информацијата која ја пренесоа германските медиуми.