2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХумелс побарал да си замине?

Хумелс побарал да си замине?

humels tat

Според германските извори, Матс Хумелс побарал од Борусија да го пушти веќе во зимскиот преоден рок!

Германецот има многу лоша сезона со Борусија. Се уште актуелниот вице-шампион е во зоната на испаѓање, скоро никој веќе не размислува за Лигата на шампионите, а многу играчи, вклучувајќи го и Хумелс, сакаат трансфер.

Дефанзивецот најверојатно побарал од раководството на клубот да го пуштат да си замине во зимскиот преоден рок.

Имајќи ја во предвид состојбата во клубот, тешко дека вакво нешто би се случило, но од друга страна, никој не сака незадоволен играч во своите редови.

Дортмунд има уште три централни бекови покрај Хумелс, па Борусија би можела да се одлучи дали да го продаде својот дефанзивец сега, кога неговата цена достигнува максимум.

Хумелс би можел да чини околу 45 милиони фунти, а Манчестер Јунајтед е главен фаворит за негово доведување, но и Арсенал покажува сериозен интерес за него.

Иако ова засега е само гласина, сигурно поради резултатот од првиот дел од сезоната, многу работи се случуваат во Борусија во овој момент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП