18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул го сака Лавеци, дава 17 милиони фунти на ПСЖ

Ливерпул го сака Лавеци, дава 17 милиони фунти на ПСЖ

laveciii 23

Ливерпул е многу блиску до тоа да направи голем трансфер во јануарскиот прозорец, откако стана јасно дека раководството на ПСЖ е подготвено да го пушти Есекиел Лавеци за сума од 17 милиони фунти.

Шампионот на Франција одлучи да го продаде аргентинскиот репрезентативец уште во текот на зимата, за да не го изгубат без пари во текот на летото, кога истекува неговиот договор.

Ливерпул е фаворит за потписот на крилото, а за „црвените“ нема да е проблем да го дадат бараниот износ, кој воопшто не е голем за играч од класата на Лавеци.

Според таблоидите на Островот интерес кон Аргентинецот манифестира и Тотенхем, но речиси сигурно тој ќе ја избере понудата на „црвените“.

Менаџерот на Ливерпул, Брендан Роџерс се надева дека со привлекувањето на Лавеци значително ќе ја зголеми напаѓачката моќ на тимот, која е под секаква критика во оваа сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП