16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНаучна фантастика и гласини од Островот

Научна фантастика и гласини од Островот

baleto 453

Неколку дена остануваат до отворањето на зимскиот трансфер прозорец, а во Англија веќе циркулираат гласини за активностите на големите играчи на пазарот.

Јануари не е најсоодветниот месец за шопинг, но често преговорите за големите зделки во текот на летото стартуваат уште во почетокот на годината.

Манчестер Јунајтед е подготвен да го вклучи голманот Давид Де Геа во секаква комбинација, при што крајниот резлутат ќе е привлекувањето на Герет Бејл од Реал Мадрид.

Ливерпул подготвува понуда од 15 милиони фунти за полудефанзивецот на Астон Вила, Фабијан Делф, како и за неговиот колега во одбраната Рон Влаар. На двајцата им истекуваат договорите и нема да биде чудо ако го прифатат предлогот на „црвените“.

Аднан Јанузај не добива многу време на теренот под водство на Луис ван Гал и младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед може да помине на позајмица во Евертон.

Ливерпул го понудил напаѓачот Фабио Бориело на Лацио како адут за Огени Онази.

„Star on Sunday“ цитира доверлив извор, според кој Немања Видиќ може да се врати во Манчестрър Јунајтед, а „Sunday Express“ објави дека Челзи ќе ги претекне Арсенал и Манчестер Јунајтед во сензационалниот тинејџер на Коринтијанс, Малколм Силва.

„Топџиите“ се насочени кон капитенот на Сент Етјен, Лоик Перин, додека долгогодишниот фудбалер на Арсенал, Томаш Росицки е посакуван од Олимпијакос. Грчкиот гигант нуди 2 милиони фунти за да го има Чехот во составот уште во јануари.

Вест Хем сака да се раздели со Мауро Зарате, за да отвори опции на менаџерот Сем Алардајс за друг странец.

Во источен Лондон избувна и полемика меѓу „Биг Сем“ и еден од сосопствениците, Дејвид Саливан, кои си ги припишуваат целосно заслугите за привлекување на Диафра Сако во текот на летото.

Интересно се развиваат и настаните во Кристал Палас. Директорот Стив Пери се обидуваат од себе да се врати Тони Полис на менаџерскиот пост на сметка на отпуштениот Нил Ворнак.

Но засега фаворит според таблоидите е Тим Шервуд кој минатата сезона не успеа да освои постојано место на чело на Тотенхем.

33-годишниот Мајкл Карик ќе биде награден со нов договор од Манчестер Јунајтед, а напаѓачот на Свонси Вилфред Бони откри дека има поминато пробен период во Ливерпул, но не беше одобрен.

По сличен поток од гласини ќе завршиме со сензацијата на „Daily Mail“, која е во сферата на научната фантастика.

Манчестер Сити е подготвен да даде 200 милиони евра за Лионел Меси. Сличен трансфер тешко може да се случи најмногу поради ограничувањата на Финансискиот ферплеј, но од раководството на „граѓаните“ ги испитуваат сите дупки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП