5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБалотели се враќа дома!

Балотели се враќа дома!

ITALY SOCCER CHAMPIONS LEAGUE

Балотели сака да се врати дома, се чини Ливерпул не грижи за тоа, а во Италија веднаш е лансирана бомба!

Ќе видиме дали тоа ги инспирираше новинарите на „Газета“ кои тврдат дека тој е понуден на својот прв клуб, Интер. Имено, Роберто Манчини подгреа некои сомнежи со изјавата дека се зависи од Балотели и дека тој би можел да се врати во некогашната форма.

Тренерот на „нероазурите“ кој бара напаѓач, беше внимателен, пред се поради ставот на навивачите. Тие во никој случај не сакаат Балотели да се врати во клубот.

Мино Рајола се обидува да го реализира трансферот, но на секој натпревар се слушаат навреди на сметка на „Супер Марио“, кој не крие дека е симпатизер на Милан. Всушност, поголем проблем од тоа е фрлениот дрес на Интер по натпреварот во полуфиналето од Лигата на шампионите против Барселона.

Во овој момент не е јасна позицијата на Ливерпул, но Роџерс сугерираше дека Балотели мора да се навикне на клупата, а од неговите зборови во текот на есента се појави жалење дека воопшто го довел Италијанецот.

Балотели ги менува клубовите како „чорапи“, никаде не се задржа подолго време, а иако на моменти го прикажува својот талент, но одличните партии секогаш биле во сенка со тоа што го чини надвор од теренот.

Тој повеќе не е ни млад, но и натаму ги полни насловните страници, иако е прашање на време кога ќе престане и на тој начин да биде интересен.

Во секој случај, навивачите на Интер не го сакаат, а ќе видиме што ќе кажат од клубот…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП