7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПандев се сели во Евертон!?

Пандев се сели во Евертон!?

pandev 35

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев може да заигра во англиската Премиерлига. Според медиумите на Островот, напаѓачот е пред трансфер во Евертон.

Тоа изгледа прилично изненадувачки, бидејќи „карамелите“ во моментов располагаат со доста силен напад. Во составот им се играчи како Ромелу Лукаку и Самуел Ето, кои се истакнати имиња во Англија.

Но очигледно менаџерот Роберто Мартинез сака да ја зголеми конкуренцијата во напаѓачката линија во тимот и се ориентира кон фудбалерот на Галатасарај. Доведувањето на нашиот репрезентативец нема да е многу комплицирано, бидејќи Пандев има договор само до крајот на сезоната.

Македонецот има два натпревари од почетокот на сезоната и сигурно би сакал да отиде некаде, каде што ќе се настапува почесто, иако во последните две средби за турскиот гигант, Пандев беше стрелец за турскиот гигант, но во Купот на оваа земја.

Тој пристигна во Истанбул во почетокот на летото како слободен трансфер од Наполи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП