4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоџерс го „краде“ бисерот на Барселона?

Роџерс го „краде“ бисерот на Барселона?

traore adama 234

Момчето кое импресионираше во Купот на Кралот, го привлече вниманието на европските гиганти, кои сега се натпреваруваат за неговиот потпис.

Станува збор за Адама Траоре,  18-годишниот фудбалер на каталонскиот клуб кој на натпреварот против Хуеска го постигна својот прв погодок во сениорскиот тим.

Oвој играч импресионираше со својата сила, динамика и стабилност, атрибути кои ги забележа Брендан Роџерс.

Англиските медиуми сугерираат дека менаџерот на Ливерпул е сериозно заинтересиран за овој фудбалер, па и дека сака дури и да го позајми еден од најталентираните фудбалери од школата на Барселона.

Инаку за Траоре е заинтересиран и Вест Хем, кој има добра бизнис соработка со Каталонците.

Потенцијален проблем секако е желбата на самиот фудбалер кој е многу мотивиран во дресот на својот клуб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП