10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСевиља подготвува шокантна понуда за Фалкао!?

Севиља подготвува шокантна понуда за Фалкао!?

falcao man

Освојувачот на трофејот од Лига Европа, Севиља може да биде изненадувачки нов клуб на колумбиската ѕвезда Радамел Фалкао. Според весникот „Ас“, андалузијците му нудат опција на напаѓачот да се врати во шпанскиот фудбал.

Фалкао се уште не е во посакуваната форма, откако премина во Манчестер Јунајтед во текот на летото. Тој постојано се бори со повредите и не може да ги покаже реализаторските квалитети во полн сјај.

Според весникот, периодот околу празниците ќе биде решавачки за иднината на фудбалерот кој е на „Олд Трафорд“ како позајмен играч од Монако. Но засега не изгледа многу сигурно дека ќе ја продолжи кариерата во редовите на „црвените ѓаволи“.

Севиља пак бара квалитетен напаѓач, бидејќи се чини дека наскоро ќе се раздели со својата голема ѕвезда Карлос Бака. Тој постигна 10 гола во 15 натпревари и веќе е на радарот на повеќето англиски гиганти за летниот преоден рок.

Андалузијците се подготвени да ја платат неговата плата, но не е познато како ќе се договорат со „кнезовите“ за трансферната сума, ако сепак им се отвори можност да го земат наместо Манчестер Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП