
Францускиот шампион ПСЖ до крајот на сезоната може да го доведе на позајмица плејмејкерот Аднан Јанузај од Манчестер Јунајтед, пишуваат медиумите.


Францускиот шампион ПСЖ до крајот на сезоната може да го доведе на позајмица плејмејкерот Аднан Јанузај од Манчестер Јунајтед, пишуваат медиумите.
Според информациите, младиот Белгиец е главната трансфер цел на тренерот на Французите Лоран Блан. ПСЖ има потреба од уште фудбалери во нападот, а Блан гледа голем потенцијал во Јанузај и сака да располага со услугите на 19-годишниот Белгиец.
Самиот тој пак можеби ќе се согласи на трансфер, откако беше закотвен на клупата од Луис ван Гал при присуството на ѕвездите Анхел ди Марија и Хуан Мата. Покрај сето друго, Јанузај може да игра во елиминациската фаза од Лигата на шампионите, откако „црвените ѓаволи“ не се пласираа во евротурнирите.
Според различни информации од Франција и Англија, во договорот за позајмување од страна на ПСЖ може да се побара опција за целосното одрекување на правата на Аднан Јанузај.