ПочетнаИНТЕРЕСНОПетта победа за МЗТ Скопје Аеродром во АБА лигата

Петта победа за МЗТ Скопје Аеродром во АБА лигата

jujo

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром ја забележа петтата победа во регионалната кошаркарска АБА лига. Вечерва во СЦ „Јане Сандански“ „штрковите“ славеа против Мега Лекс со 84:79 (26:23; 14:20; 21:17 и 23:19) во дуел со кој се комплетира 14.коло.

Најефикасни во домашниот тим беа Сеад Шеховиќ со 19 поени, повратникот Стефан Синовец реализира 17, Александар Цветковиќ 14. Во екипата на Мега најдобар беше Александар Мареља со 16 поени.

Претходно се одиграа другите натпревари од оваа рунда: Цедевита – Крка 100:75, Олимпија –Цибона 74:77, Партизан – Шолнок 62:55, Игокеа – Задар 71:56, Левски – Црвена звезда 58:99 и Металац – Будуќност 70:69.

Табела: Црвена звезда 14-0 (победи-порази), Будуќност 11-3, Цедевита 10-4, Унион Олимпија 8-6, Цибона 8-6, Партизан 7-7, Крка 6-8, Мега Лекс 6-8, Задар 6-8, Шолнок 6-8, Игокеа 5-9, Металац 5-9, МЗТ Скопје Аеродром 5-9 и Левски 1-13.

Следното коло се игра веќе в сабота. МЗТ гостува во Задар.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП