26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ подготви 100 милиони за да се пополни дупката по Ибра

ПСЖ подготви 100 милиони за да се пополни дупката по Ибра

ibraa

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи откри дека клубот ќе одвои 100 милиони евра за трансфери, за да го замени Златан Ибрахимовиќ, кога тој ќе одлучи да го напушти францускиот клуб.

Тимот има проблеми со финансискиот ферплеј, но сепак шефот на ПСЖ е подготвен повторно да инвестира толку голема сума.

„Верувам дека ПСЖ ќе има уште еден голем напаѓач во 2016-та година по Ибрахимовиќ. Финансискиот ферплеј е насочен кон замрзнување на трката меѓу клубовите, но оваа ситуација е во наша полза“, коментира Насер Ал-Хелаифи.

„Верувам дека ќе можеме да си дозволиме 100 милиони евра, за да добиеме посилен играч, дури и ако тоа значи фокусирање врз едно единствено купување на крајот на трансфер прозорецот, или драстично намалување на некои повисоки плати, за да можеме да купиме други фудбалери“, рече претседателот на ПСЖ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП