2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку се опасни бактериите на вашиот сапун?

Колку се опасни бактериите на вашиот сапун?

80217_profimedia0090285456_630x0

Бактериите можат да постојат и главно постојат на сите сапуни, но мала е веројатноста дека ќе се заразите од нив или дека ќе добиете некоја кожна инфекција, вели докторката Елејн Л. Ларсон од Универзитетот Колумбија. Сепак понекогаш треба да бидете внимателни.

„Само оние со послаб имунитет би требало да бидат внимателни и да ги употребуваат течните сапуни. Ако сте здрави, нема да имате проблеми да се одбраните од бактериите. Бактериите ги има на сапуните, но вие можете да направите неколку едноставни работи и нема да имате последици“, вели таа.

80218_profimedia0037863503_630x0

Сапунот треба да го измиете пред да го втриете на рацете, а кога ќе го одложите, треба да го ставите на суво место за да може да се исуши до следната употреба. Така влагата нема да привлече уште повеќе бактерии. Доколку сепак се сомневате во чистината, користете течен сапун.

„Ако сите во домот користите ист сапун за миење на рацете, не треба да бидете загрижени, бидејќи секојдневно меѓусебно разменувате многу микроорганизми. Јавните тоалети најчесто немаат цврсти сапуни, но ако налетате на некој кој има, прво измијте го сапунот, па потоа втријте го на рацете. И измијте ги добро рацете, барем 20-30 секунди. Ако триете доволно упорно, бактериите ќе бидат уништени“, објаснува Ларсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП